среда, 13. мај 2009.

Паркети

Во 1991год.движењето кое што се вика "рок енд ролл" Се збогати со уште една група.Да,нејзиното име е Паркети. Почнаа како четворка,првите настапи И своите два раритетни албуми ги остварија со таква постава. Првиот албум се вика

"ГРИЖА НА СОВЕСТА" снимен во 1996год. А во 1998год. Го снимиja И вториот албум:

"ГАЗИРАНА ХАРМОНИЈА"

интересно е да се каже дека групата Паркети е загината во џунглата наречена "рок енд ролл" И не сака да излезе од неа. Од 1996 до 2000год. На местото на Сашо Паркет (вокал) дојде неговиот брат .Тука е и ГогПаркет(парки) на бас гитара

Со него Паркети продолжија да работат.Го снимија И вториот албум на кој како гостин се појавува и Каролина Гочева. . Овој албум го издава Сенатор Рекордс , за разлика од првиот албум е помек и покомерцијален но на него е ставена легендарната песна ......Бал.

Приказната продолжува 2000 година, кога Сашо Паркет се врака во Паркети И со свирката во Скопје со повеке групи кај техничкиот факултет.Тука Зоки Паркет ја презема бас гитарата а Гог Паркет се преселува на неговиот омилен инструмент ритам/соло гитара.

Со еден концерт 2001год. во Битола, Паркети заедно со повејке групи од регионот го одбелезуваат 10 годишниот јубилеј Денес интезивно го спремаат својот материјал со посвежа продукција И стил.

НО,никој вистински не ја проби масивнта бариера што ги контролираше медиумите и државните продукциите кои ја имаа направено против чудното нешто наречено Панк Рок или против Рок енд Ролл. Имаше многу малку што излегуваше од тоа. Во Битола(град од 100 000 луѓе) на крајот на осумдесетите имаше само неколку активни подземни (во широката сцена на рок енд ролл) групи кои правеа своја музика, и имаше едно место во целиот град каде можеше да се слушне нешто поразлично од фолк музика, и тоа беше некој вид на Диско подрум наречен Орфеј. Тоа беше алармантна ситуација. На другите места во Југославија имаше по позната музичка сцена, како во поголемите градови Белград,Сараево,Загреб,Нови Сад и Скопје, но се уште најдобрите работи ги немаа напуштено подрумите на овие градови. За Битола најголемите настани во тие години беа концерти на домашни фолк музичари, големите имиња не доаѓаа таму. Во истото време, три комплетно изгубени момчиња најдоа случајно касета од Рамонес, и тоа е фактот кој ја смени Македонската музичка историја за сите времинја.

Времињата се менуваа, приватни ноќни клубови, пабови, кафетерии почнаа да се отвараат на крајот од осумдесетите. Измеѓу новите места за излегување хит беше местото наречено “Кај Пајнцата”, по прекарот на соспетвеникот, одреден хипи/рокер тип на дечко, кој сега има преку 50 год. Бев премногу млад тогаш и никогаш навистина не го видов тоа место асално, но подоцна разбрав дека тоа место ги стартувало работите

Тука се и тотално без значајните песни како “Портокали”,”Оси”,”Mуви”,”Едно млеко и едно кафе” и др. Измеѓу сите работи кои Паркети ги направиле, секогаш имало една централна работа за која биле искрени а тоа е љубовта.

Можеби имало морбидни и тотално без занчајни песни но љубовните песни oд секогаш биле искрени.Песни како:”Baл”,”Mислам”,”Највеќе на целиот свет” и поскорешните како “Maла пролет”,”Барбара”,”Песна со најубави ноти”,”На месечина те заборавив” итн, а сите се од и за Паркети и нивните членови.

Понекогаш имало и песни кои имале допир со социјални теми и теми важни за Паркети а во таа категорија спаѓаа песните “Кафеави Џуџуња”,”Ние сакаме”,”Клара пуши трева”,”Sweet vegetarian” и др.

Низ сите нивни песни има секогаш (како паралелна приказна) приказна за Рок енд Ролл начинот на живот. Оваа приказна за соништата на Рок енд Ролл може да се најдат во песните “Јас сум дел од New York City” и “Целиот мој живот”.

Тие исто така имаат направено адаптаци на светски познати песни како “La Cucaracha", "Mama yo Quero", the "CanCan" и некои стари македонски песни како “Шеќерна” и “Ацо кабадија” И некои други песни.

Цврсто можам да изјавам дека музиката на Паркети е најдобро изведена живо одПаркети, студијата во кои се снимани песните не им даваат живот на мелодиите, сите снимки се сметани за демо снимки најмногу, но сепак, тоа е панкот за кој зборуваме и затоа “звукот” не е важен воопшто.

Паркети во живо е нешто друго! НА почетокот никој во групата не знаеше да свири или пее добро, скокаа наоколу, гитарите се исклучуваа поради скокањето, никогаш не ги знаеа текстовите на песните и секогаш пее различно, не можа да си ги наштимаат инструментите и се симнуваа од сцена на сред песна поради кавфа меѓу нив. Но луѓето ги викаа повторно и повторно и покрај нередот кој го правеа, имаше нешто во нив што луѓето го сакаа и сега го сакаат.Фановите на Паркети се горди на настапот на Паркети и нивниот настап на Македонскиот национален избор за песна за Евровизија 2008. Македонија доби шанса да избере Рок енд Ролл и иако многумина гласаа за Паркети тие не успеа да ги поедат мрачните сили на комерцијално ѓубре. Сепак количината на гласови за Паркети покажа дека има надеж за Македонија и нешто што може да се нарече иднина.П аркети потврдија дека Рок едн роллот е жив во Македонија. Тие се инспирирани од Рамонес посебно од Џои Рамоне,Ролинг Стоунс (Кит),Т-Рекс и класичен рок енд ролл. Соло гитаристот Симс Паркет свири на гитара како Кит Ричардс и иако не талентиран како него се труди да изгледа како него. Пејачот Сашо Паркет е смешен тип кој понекогаш е таксист иако муштериите мислат дека не се вклопува добро во улогата. Мора да е еден од најчудните таксисти на светот. Кога е на сцена навистина ја дигнува публиката на нозе. Паркети не треба да се земат здраво здраво за готово, тие се позитивни луѓе на кои не им е грижа за ништо. Животната филозофија на Паркети е рок едн ролл и Паркети живеат искрено по неа, свирејќи ја својата музика на најдборите места во Македонија но и на најлошите места на кои можеште да ги замислите.